Услови за користењена Купи во ЕУ

Со вашиот пристап на онлајн продавница „Купи во ЕУ“ со домен http://kupivoeu.de/се согласувате со условите кои се поставени за за користење на нашите услуги


Кој и како може да ги користи услугите;
Корисник на услугите на „Купи во ЕУ“ може да биде секое деловно способно физичко лице и секое правно лице.

Секој корисник се обврзува;
  • Да создаде само една корисничка сметка и да внесува свои точни податоци.
  • Може да внесува податоци за друго лице, ако за тоа има дозвола и е овластен.
  • Со прифаќањето на Услови за користење на услугите на Купи во ЕУ секој корисник изјавува дека се сложува со нив.
  • Секој корисник кој ќе се регистрира има пристап до сите содржини и може да биде корисник на сите услуги на „Купи во ЕУ“;
  • Секој корисник е одговорен лично за точноста за податоците кои ги внесува при креирањето корисничка сметка на „Купи во ЕУ“;
  • Со регистрацијата на онлајн продавница „Купи во ЕУ“ вие се стекнувате со можности да купувате/порачувате производи во било кое време воедно да користите поволности за попусти- да бидете навремено информирани за сите други наши активности.
  • „Купи во ЕУ“ го задржува правото да Ве контактира по телефон за потврда за нарачката која сте ја направиле, и да Ве контактира доколку има потреба од дополнителни информации во врска со Вашата нарачка.
  • Со секоја успешно извршена нарачка и плаќање на онлајн продавница „Купи во ЕУ“ на вашата електронска адреса со која сте регистрирани, ќе добиете фактура во пдф формат а која има иста валидност како фактурата во хартиена форма;
  • Производите кои се изложени за продажба се опишани според нивната официјална декларација зад која стои производителот а ние се грижиме производот како што е опишан да го добиете во таква форма и квалитет.
  • Во случај декларацијата која е поставена на онлајн продавница „Купи во ЕУ“ не одговара на описот на производот кој сте го порачале и сте платиле за истиот, имате право да го вратите неоштетен и неупотребен.

Правна сигурност за корисниците Купи во ЕУ
  • Заштитатата на вашите лични податоци е наша основна грижа согласно законските прописи на Сојузна република Германија и регулативите на ЕУ и Република Македонија;
  • Вашите лични податоци се целосно заштитени од било каков неовластен пристап и злоупотреба.
  • Базата на веб страната со сите нејзини податоци е поставена на сервер во Германија. Тоа пак подразбира дека заштитата на вашите податоци е уредена согласно законите на Германија и регулативите на ЕУ кои се однесуваат на заштитата на личните податоци;
  • Кога „Купи во ЕУ“ ќе утврди или се посомнева дека внесените податоци на некој корисник се неточни тогаш „Купи во ЕУ“ го задржува правото да ја поништи таа корисничка сметка без претходна информација на нејзиниот сопственик со неточни податоци или пак ако процени дека е потребно ќе го извести сопственикот на корисничката сметка со неточни ифнромации за да побара да внесе точни податоци ако сака да биде корисник на „Купи во ЕУ“
  • Корисникот е одговорен за безбедноста на корисничкото име и лозинката на својата корисничка сметка.
  • Во случај трето лице да има неовластен пристап до корисничката сметка на корисникот или пак постојат сомнежи за тоа, тогаш сопственикот треба веднаш да не извести на приложените контакти;
  • Корисникот секогаш има можност да уредува дел од податоците на корисничката сметка или да ја избрише трајно заедно со личните податоци.
  • Секоја идна промена на правилата за заштита на личните податоци ќе биде обвјавена 30 дена пред да стапат во сила овде за да бидете навремено и целосно информирани;
  • Откако ќе престанете да ги користите нашите услуги вашите лични податоци ќе бидат трајно избришани од нашиот систем;
  • „Купи во ЕУ“ не прибира и не користи лични податоци од малолетни лица.
  • Со користењето на услугите на онлајн продавница „Купи во ЕУ“ вие се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со позитивните закони на Република Македонија.

Купи во ЕУ ќе преземе соодветните законски постапки против;
  • Лицата кои користат содржини од „Купи во ЕУ“ за повредување на личната приватност на било кое лице;
  • Користат лажни податоци;
  • Ги прекршуваат условите и правилата;
  • Шират навреди, клевети, расистички пораки, порнографски и сексистички содржини, насилство и други содржини спротивни на законите;
  • Го злоупотербуваат своето членство во Купи во ЕУ
  • Користат податоци на други лица без нивна дозвола и информирање
  • „Купи во ЕУ“ не одговара за постапките на корисниците, туку кога ќе евидентира незаконско однесување врши нивно пријавување до надлежните органи и спречува да бидат корисници на „Купи во ЕУ“

Newsletter
  • Во случај ако не сакате да ги добивате овие е- билтени, ве молиме да се одјавите како нивни примач, што е овозможено со еден клик.

Авторски права;
  • Содржините на Купи во ЕУ вклучително графиката, логоа, фотографии, аудио и видео содржини се во сопственост на Купи во ЕУ и се заштитени со авторски права.

Cookies
  • На веб страната не употребуваме cookies

За дополнителни прашања во врска со заштитата на личните податоци и ако имате потреба од помош обратете се на следните контакти;

<< Назад